Владата оваа година ќе издвои од буџетот 4,5 милиони евра за инфраструктурни проекти во општините, а посебен акцент ќе биде ставен на руралните средини. Финансиската помош за општините за реализација на инфраструктурни проекти е двојно зголемена. Општините треба да аплицираат во текот на мај за градба на патишта до пет километри, зелени и сточни пазари, пензионерски, младински клубови, изградба на пат од селото до регионалниот пат, изградба и реконструкција на улици, изградба и реконструкција на атмосферска и фекална канализација. Покрај ова, средствата можат да се користат и за комплетно инфраструктурно уредување на излетнички места и инфраструктура на значајни културни локалитети. До мај сите заинтересирани општини ќе можат да аплицираат со проекти кои ќе ги доставуваат преку Агенцијата за рурален развој и поддршка на земјоделството. Сумата за еден проект не треба да биде поголема од 300 илјади евра.
Владата оваа година ќе издвои од буџетот 4,5 милиони евра за инфраструктурни проекти во општините, а посебен акцент ќе биде ставен на руралните средини.
Финансиската помош за општините за реализација на инфраструктурни проекти е двојно зголемена.
Општините треба да аплицираат во текот на мај за градба на патишта до пет километри, зелени и сточни пазари, пензионерски, младински клубови, изградба на пат од селото до регионалниот пат, изградба и реконструкција на улици, изградба и реконструкција на атмосферска и фекална канализација.
Покрај ова, средствата можат да се користат и за комплетно инфраструктурно уредување на излетнички места и инфраструктура на значајни културни локалитети.
„До мај сите заинтересирани општини ќе можат да аплицираат со проекти кои ќе ги доставуваат преку Агенцијата за рурален развој и поддршка на земјоделството. Сумата за еден проект не треба да биде поголема од 300 илјади евра“, рече Георгиев.